1.
ОПИС

2.
САМО-ОЦЕНУВАЊЕ

3.
ДИЈАГНОЗА

4.
ПРЕПОРАКИ

Да ги подобриме своите практики за отчетност!

Регистрирајте се тука за да направите само-оценување на вашата организација


Одговорете ги сите 24 прашања групирани во 3 кластера и ќе добиете оцена за вашата организација. Откако ќе ги одговорите осумте прашања во првата група (Што сакаме да постигнеме), ќе биде прикажна втората група прашања (Нашиот пристап кон промени). Истото ќе се случи и со третата група прашања (Нашето интерно работење).

  • Дали темите неправда, инклузија, недискриминација и човекови права се застапени во уредувачките акти или во посебни политики на организацијата?
  • Дали организацијата соработува со други јавни или приватни субјекти во промовирањето правда и еднакви права за сите луѓе?
  • Дали организацијата има политика за родова еднаквост која им е добро позната на сите нејзини членови и засегнати страни?
  • Дали управувачкото тело на организацијата е составено од еднаков сооднос на жени и мажи?
  • Дали организацијата промовира заштита на животната средина преку своите програми и активности?
  • Дали организацијата работи со други субјекти и чинители (државни, академски, други граѓански организации, приватни компании, итн.) со цел заеднички да се најдат решенија за проблемите?
  • Дали организацијата има внатрешна политика за намалување на влијанието врз животната средина од своите секојдневни практики?
  • Дали организацијата спроведува партиципативни анализи со различни партнери со цел да ги подобри своите активности и нивното влијание?
  • Дали членовите на организацијата, управувачкото тело и персоналот учествуваат во планирањето, спроведувањето, мониторингот и оценувањето на процесите и програмите на организацијата?
  • Дали организацијата има формални механизми преку кои различни засегнати страни можат да предложат идеи и да остават коментари?
  • Дали договорите на организацијата јасно ги утврдуваат различните улоги, одговорности и задолженија за секој партнер?
  • Дали организацијата има политика за партнерство која им е добро позната на нејзините членови и партнери?
  • Дали активностите за застапување се засновани врз убедливи докази?
  • Дали организацијата користи различни стратегии за застапување (притисок врз поединци, подигнување на свеста, мобилизирање на јавното мислење, стручен совет, вмрежување, лобирање и други методи)?
  • Дали информациите за проектите на организацијата, изворите на финансирање, буџетот и резултатите се достапни за јавноста?
  • Дали организацијата има јавно достапна и етичка комуникациска политика?
  • Дали организацијата ги почитува работничките права и на својот персонал и волонтери им обезбедува безбедна и праведна работна средина?
  • Дали организацијата периодично го оценува перформансот и потребите на своите човекови ресурси?
  • Дали организацијата има насоки и процедури за финансирање, етичка употреба и управување со финансиските ресурси (со одредби за финансирањето, справување со корупција и судир на интереси)?
  • Дали организацијата има надворешни ревизиии чии резултати се достапни за јавноста?
  • Дали организацијата има воспоставено механизми преку кои членовите, корисниците, волонтерите или персоналот можат да поднесат жалби или барања?
  • Дали механизмите за повратни информации вклучуваат начини за разгледување на предлозите добиени Од засегнатите страни и начини за известување за активностите кои следуваат во врска со тие предлози?
  • Дали организацијата има независно и ефективно управувачко тело со јасно разграничени улоги во поглед на финансиската контрола на организацијата и го следи спроведувањето на организациската мисија?
  • Дали организацијата има насоки за потенцијален судир на интереси во поглед на политичките, економските и личните односи во рамките на управувачкото тело? Дали овие насоки повремено се проверуваат?